Thursday, March 13, 2008

Interakcii lek hrana

Модерната медицина ни дава многу корисни дроги кои што не само ни го пролонгираат и заштитуваат животот туку и ни го подобруваат квалитетот на животот. Нашата исхрана може да влијае на бенефитот од лековите кои ги земаме. Интеракциите помеѓу лекови и храна може да имаат опасен ефект, зависно од начинот на кој што нашето тело реагира кон лековите. Храна-лек интеракција е ефектот на лекот на храната или ефект на храната врз лекот.Генерално дејството на храна врз лек значи промена на биорасположливоста на лековите предизвикано од храната што се користи, и може ненамерно да предизвика намалување или зголемување на ефектите на лекот, резултирајќи со намален терапевтски ефект или зголемена токсичност. Лековите можат да влијаат на нутритивниот статус на голем број начини: со зголемена ексреција на одредени нутриенти, со интерферирање на апсорпцијата, со намалување на способноста на организмот да ги преведе нутриентите во корисни форми. Механизмот на храна-лек интеракциите зависи од метаболизмот, физичко-хемиски фактори, физиолошки фактори, состав на храната, состав на лековите, времето на оброците во однос на времето на администрација на лекот, големината и содржината на оброците, дозата на лекот итн. Брзината на растворување на лековите е една од поважните физичко-хемиски карактеристики на лекот, и е важен фактор кој има ефект на храна-лек интеракциите. Кога растворливоста на лекот значително е зависнa од pH на растворот, брзината на растворање варира со промената на pH во гастроинтестиналниот тракт предизвикан од внесената храна, каде што брзината на апсорпција на лекот ќе биде променета. Доколку е познат механизмот на одредена интеракција, можно е да се смени биорасположливоста со дизајнирање на лековита формулација, за да се минимизира интеракцијата. Интеракцијата лек-храна може да доведе до промени во фармакокинетскиот и фармакодинамскиот профил на различни лекови, што може да резултира со различни клинички промени. Фазите во кои е можна интеракцијата меѓу храната и лекот се:
- Пред и за време на гастроинтестиналната апсорпција;
- При дистрибуција на лекот
- При метаболизам на лекот
- При елиминација на лекот
Нивоа на интеракцијата лек-хранаИнтеракцијата лек-храна може да се разгледа на четири основни нивоа:-на ниво на дигестивен тракт (хемиска и физичка интеракција)-на ниво на пресистемски метаболизам (влијание на метаболизмот на хепарот)-на ниво на системска циркулација (компетиција за носачи)-на ниво на ренална ексреција
Интеракција на ниво на дигестивен трактНа ниво на интеракција на дигестивниот тракт храната и лековите може да интерреагираат со зголемување на асорпцијата, со намалување на асорпцијата и со промена на интердигестивниот метаболизам. Храната како оброк влијае врз асорпцијата на лековите преку брзината на празнење на желудникот, интестиналната подвижност и времето на поминување, спланхичкиот проток на крвта (интестинален проток) и гастроинтестиналната pH.Во дигестивниот тракт храната и лекот најчесто може да градат хелати, да се неутрализираат, да градат нерастворливи комплекси и преципитати. На пример:-протеините Mg, Ca (од млечната храна) и Fe со тетрациклините градат комплекси кои не се арпсорбираат-танините (чај, кафе) го врзуваат Fe од некои лекови, ги неутрализираат алкалоидите и ги преципитираат фенотиазините;-Сокови кои содржат голема количина аскорбинска киселина (портокал, грејпфрут) ја зголемуваат абсорбцијата на суплементите на железо; - Газирани сокови и кисели сокови од овошје и зеленчук можат да ја зголемат киселоста во желудникот и да предизвикаат растварање на некои лекови пред тие да достигнат во цревата; -пектините и алгинатите (за произведство на супи и џемови) се комплексираат со Fe, Co, Mn и Zn од некои лекови-муцинот гради хелати со стрептомицин, со антихолинергици и со антихипертензиви-сировите (диетарни) влакна ги сврзуваат трицикличните антидепресивни лекови (пр. амитриптилин) и ја намалуваат ресорпцијата.- лековите кои го намалуваат нивото на холестерол го редуцираат холестеролот со редуцирање на жолчните киселини. Жолчните киселини се потребни да се апсорбираат липосолубилните витамини A,D, E и K. Како резултат на редуцирање на жолчните киселини може да се јави редуцирана апсорпција на липосолубилните витамини.
Интеракција на ниво на пресистемски метаболизамНа биолошката расположливост на лекот земен перорално во најголем степен влијае феноменот познат како „ефект на првиот премин на лекот“, кој подразбира влијание на ензимите на ГИТ и на хепарот врз лекот што се ресорбира, намалувајќи го неговото количество кое во системската циркулација стигнува непроменето.
Интеракција на ниво на системска циркулацијаСамо мали и во вода растворливи молекули, како што се глукоза, уабаин, никотинска киселина, изониазид и слично циркулираат слободно, додека сите други молекули формираат реверзибилни комплекси со протеините кои овозможуваат нивен транспорт. Најзначајни носачи се плазма албумините, додека липопротеините имаат помала улога. На лек-протеин врзувањето, исхраната може да влијае преку два механизми: протеинска концентрација и концентрација на слободни масни киселени.
Интеракција на ниво на ренална ексрекцијаСостојките на храната може да влијаат на реналната ексрекција на некои лекови. Литиумот и натриумот се во компетиција за нивна тубуларна реапсорпција во бубрезите. Зголемено внесување натриум со храната доведува до зголемено излачување на литиум, со што се намалува нивото во крвта, и резултат е намален терапевтски ефект.Храната има влијание и врз биоискористливоста на лековите администрирани заедно. Биоискористливоста на лекот означува колкав дел од внесената доза дошла во системската циркулација од каде што може да се расподели и да дејствува на ткивата.
Примери за влијанието на лековите врз нутритивниот статус:-некои антидепресивни лекови (флуоксетин) предизвикуваат анорексија и губење на телесната тежина-повеќето антипсихотични лекови (амитриптилин) и трициклични антидепресивни лекови го зголемуваат апетитот-хормонските препарати (естерогени, гестагени) предизвикуваат мачнина и ја зголемуваат телесната тежина-амитриптилинот доведува до сушење на устата и до појава на кисел или на метален вкус-антибиотикот кларитромицин се секретира во плунката и дава горчлив вкус во устата-атецилсалицилната киселина, ибупрофенот, напросинот како нестероидни антиинфламаторни лекови ја иритираат мукозата на желудникот и може да доведат до мачнина и до повраќање-антипсихотиците и антихистаминиците ја забавуваат цревната перисталтика и доведуваат до опстипација-антиобитиците ја уништуваат цревната флора и може да предизвикаат кандидијаза-пациенти заболени од дерматитис се пречувствителни на проламини од некои житарици (пченица, овес, јачмен). Скробовите кои се користат во фармацевтските препарати можат како онечистувања да ги содржат овие проламини што може да доведе до влошување на болеста (особено ако се земаат во поголеми количества и перманентно);- Преголема употреба на антациди предизвикува трошење на фосфатите и доведува до дефициенција на витамин D. Некои пациенти можат да развијат остеомалација поради губење на калциум или хиповитаминоза на витаминот D;- Зголемена употреба на диуретици може да резултира со губење на електролити (најмногу калиум). Ова може да ги доведе пациентите со срцеви проблеми, во поголема опасност од сериозни пореметувања на срцевиот ритам. Луѓе кои земаат редовно диуретици треба да јадат храна која има голема количина на калиум: домати, сок од домати, портокали, банани, житарици, компири итн.- Жени кои земаат орални контрацептиви во подолг период можат да развијат недостаток од фолна киселина и витамин C, доколку не применуваат соодветен режим на исхрана. Најдобар извор за фолна киселина е листестиот зеленчук: спанаќ, аспарагус, брокула итн. Извор за витамин C се портокалите, лимони, јагоди, домати, пиперки, компири итн;- Антиконвулзивните лекови, препишани за да спречат напади, можат да доведат до недостаток на витамин D и фолна киселина. Овој витамин се наоѓа во збогатеното млеко;- Антихипертензивниот лек хидралазин може да го намали внесеното количество на витамин Β6. Овој витамин се наоѓа во голем број на хранливи производи како што се пилешко месо, риба, црн дроб, интегрален леб, јајца, банани и компири;- Некои лекови како што се колхицин, орални антидијабетични агенси и неомицин можат да ја попречат апсорпцијата на витамин Β12. Личности кои не јадат животински продукти (вегетаријанци) можат да имат сиромашен Β12 статус и се ризична група при користење на некои од овие лекови.
Примери за дејство на нутритиенти врз користењето на лекот:
- Црниот дроб и листестиот зеленчук можат да ги намалат ефектите на антикоагулантите. Овие хранливи производи содржат витамин K кој помага во згрутчувањето на крвта. Од друга страна ацетилсалицилната киселина можат да го зголемат ефектот на антикоагулантите и промовираат крварење. - Еден од најопасните храна-лек интеракции е помеѓу МАО инхибиторите и стара или ферментирана храна. МАО инхибиторите се користат во третманот на депресии и висок притисок. Тие го намалуваат метаболизмот на моноамините во телото. МАО инхибиторите можат да реагираат со супстанцата тирамин (моноамин), која се наоѓа во старо сирење, вино, пилешки црн дроб, пиво итн. Како резултат на овие интеракции може да дојде до опасно зголемување на крвниот притисок
Грејпфрут
Сокот од грејпфрут се добива од овошјето Citrus paradise. Неколку стотици хемиски супстанци се идентификувани како негови нормални составни компоненти од кои најзначајни се флавоноидите и кумаринските деривати. Овошјето и зеленчукот генерално предизвикуваат корисен здраствен ефект, особено при кардиоваскуларните болести и ракот.Интеракциите на сокот од грејпфрут со лековите се фармакокинетски според својата природа. Неговите состојки го инхибинираат метаболизмот на лекот, а со тоа се зголемува неговата концентрација, односно сокот од грејпфрут го потенцира дејството на лекот. Ова е причина тој да може да се користи како штедач на лекови. Некои пациенти го земаат циклоспоринот со сокот за да ја редуцираат дозата на лекот. Треба да се нагласи дека во вакви случаи ризикот на појава на несакани ефекти е поголем, бидејќи количествата на лекот може да се зголемат и до токсични концентрации и овој ефект главно се јавува како резултат на инхибиција на цитохром P450 ензимите, наречени CYP3A4 во тенкото црево.Генералниот заклучок од истражувањето е дека сокот од грејпфрут ја зголемува биоискористливоста на лековите. Научниците да почнале посериозно да ги испитуваат и можните интеракции на грејпфрутот со други лекови, со цел да се оцени ризикот од ваквите интеракции и да се изнајдат и да се дискутираат можните придобивки и проблеми поврзани со иницијалната инхибиција на метаболизмот на лекот.Големината на потенцијалните интеракции со џус од грејпфрут, може да варира од лек до лек, од пациент до пациент, зависно од многу фактори, вклучувајќи ги и генетските карактеристики. Сепак најновите истражувања покажуваат дека и покрај популарното верување, повеќето лекови не покажуваат клинички релевантна интеракција со сокот од грејпфрут.
Алкохол
Алкохол и лековите не се мешаат. Алкохолот може да има спротивен ефект на лековите како и на нутриентите. Алкохолот може да го намали метаболизмот во телото. Како резултат лековите можат да останат активни во телото подолго од што е предвидено. Во некои случаи мешањето на алкохол и лекови може да биде фатално. Правило е да се одбегнува пиење на алкохолни пијалоци додека се зема терапија со некој лек.






Следниве податоци се претставени во кратка брошура подготвена од FDA, за можни интеракции помеѓу лековите, хранливите продукти, кофеинот и алкохолот .
Алергија
АнтихистаминициХрана: Се зема лекот на празен стомак за да се зголеми ефективноста. Алкохол: Се одбегнува поради седативниот ефект на лековите.
Aртритис и Болка
Аналгетици/антипиретициХрана: За брзо ослободување се зема на празен стомак. Алкохол: Се избегнува или лимитира употребата бидејќи хроничната употреба на алкохол може да зголеми ризикот на хепарно оштетување или стомачно крварење.
Не Стероидни-АнтиИнфламаторни Лекови (НСАИЛ)Храна: Се зема со храна или млеко бидејќи лековите можат да го иритираат желудникот. Алкохол: Се избегнува или лимитира употребата бидејќи хроничната употреба на алкохол може да зголеми ризикот на хепарно оштетување или стомачно крварење.
КортикостероидиХрана: Се земаат со храна или млеко за да се намали стомачната напнатост.
Наркотични АналгетициАлкохол: Се избегнува алкохол бидејќи го зголемува седативниот ефект на лековите.
Астма
БронходилататориХРАНА: Оброци со висок процент на масти можат да го зголемат количината на теофилин во телото, додека јаглено-хидратните оброци можат да ја намалат количината. Важно е да се консултира фармацевтот во врска со употребата на одредени оброци при оваа терапија бидејќи може да се добијат разни резултати во зависност од дозажната форма. Кофеин: Се одбегнува храна и пијалоци кои содржат големи количини кофеин.Алкохол: Се избегнува поради зголемениот ризик од несакани ефекти: мачнина, повраќање, главоболка и иритабилност.
Кардиоваскуларни Пореметувања
ДиуретициХрана: Некои диуретици предизвикуваат губење на калиум, калциум и магнезиум. Од друга страна пак диуретикот триамтерен е познат како штедач на калиум . Кога се зема триамтерен се избегнува јадење на големи количини на оброци богати со калиум: банани, портокали и листест зеленчук или субститути за сол.
Бета блокаториАлкохол: Се одбегнува алкохол со пропранолол бидејќи предизвикува појак ефект-поголемо снижување на крвниот притисок.
НитратиАлкохол: Се одбегнува алкохол бидејќи може опасно да се спушти висината на крвниот притисок.
АКЕ ИнхибиториХрана: Се зема еден час пред или два часа по оброкот. Можат да ја зголемат количината на калиум. Голема количина на калиум може да биде опасна. Се избегнува јадење на големи количини на оброци богати со калиум: банани, портокали и листест зеленчук или субститути за сол.
HMG-CoA редуктазни инхибиториХрана: Lovastatin треба да се земе со вечерниот оброл за да се зголеми апсорпцијата. Алкохол: Се одбегнува пиење во големи количини поради можност од хепарно оштетување.
АнтикоагулантиХрана: Vitamin K продуцира супстанции потребни за згрутчување на крвта и може да ја намали ефективноста на антикоагулантите. Високи дози на vitamin E (400 IU или повеќе) може да го пролонгира времето за згрутчување и ризикот од крварење.

Инфекции
ПеницилиниХрана: Се зема на празен стомак освен доколку не се иритира желудникот и тогаш се зема со храна.
КинолониХрана: Се зема на празен стомак освен доколку не се иритира желудникот и тогаш се зема со храна. Кофеин: Земајќи овие лекови со продукти кои содржат кофеин може да се покачи нивото на кофеин резултирајќи со надразливост и нервоза.
МакролидиХрана: Се зема на празен стомак еден час пред или два часа по оброкот освен доколку не се иритира желудникот и тогаш се зема со храна.
СулфонамидиХрана: Се зема на празен стомак еден час пред или два часа по оброкот освен доколку не се иритира желудникот и тогаш се зема со храна.
ТетрациклиниХрана: Се одбегнува земање на тетрациклин со млечни продукти, антациди, и витамински суплементи кои содржат железо бидејќи влијаат на ефикасноста.
НитромидазолАлкохол: Се одбегнува пиење алкохол и земање на лекови кои содржат алкохол додека се зема метронидазол и најмалку три дена по завршување на лекувањето.
АнтифунгалниХрана: Важно е да се одбегне употреба на овие лекови со млечни производи. Алкохол: Се одбегнува алкохол и земање лекови кои содржат алкохол додека се зема кетоконазол, до три дена одкога ќе се заврши со лекувањето.

Депресија и емоционални пореметувања
MAO ИнхиботориХрана: Овие лекови имаат многу диетарни рестрикции и луѓето кои ги земаат треба да ги следат правилата и интструкциите многу внимателно. Многу брзо, потенцијално фатално е зголемувањето на крвниот притисок доколку се земат оброци или алкохолни напитоци кои содржат тирамин додека се под терапија на МАО инхибитори.Алкохол: Не смее да се пие пиво, црвено вино, други алкохолни пијалаци, ниско алкохолни пива и продукти на црвено вино.
АнтипсихотициКофеин: Може да предизвика екцитабилност, нервоза и хиперактивност и да ги намали ефектите од лекот. Алкохол: Може да наштети на менталните и моторните перформанси.
АнтидепресивиХрана: Овие лекови можат да се земат со или без храна. Алкохол: Иако Алкохолот знашително не интерреагира со овие лекови, препорачливо е луѓе кои имаат депресија да не пијат алкохол.
Состојби на желудникот
Хистамински блокаториХрана: Овие лекови можат да се земат со или без храна.Кофеин: продукти на кофеинот може да го иритираат стомакот.




Литература
Лидија Петрушевска-Този, Интеракција лек-храна, Македонски Фармацевтски Билтенwww.ohioline.osu.eduwww.agen.ufl.eduwww.nclnet.orghttp://osulfacts.okstate.eduwww.druginteractioncenter.org

No comments: